Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Последниот викенд од овој месец почнува зимското сметање на времето
Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање. Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Објавено на
часот





