сабота, 13 декември 2025
Локални избори 2025

Последни 10 дена од кампањата

На единаесеттиот ден од изборната кампања за локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ најавија активности во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино.

Левица, исто така, ќе се обрати пред граѓаните во Росоман и Кавадарци каде ќе се обратат претседателот на Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителите на листа, Влатко Трајков и Круме Богевски и останатите кандидати за советници.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе одржи конференција за медиумите што ќе се одржи во 11 часот во Општина Центар, пред Лимак.

Бујар Османи, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), ќе одржи конференција за медиумите на паркингот кај Пластичарска, во близина на Бурдем 2 со почеток во 12 часот.

Денеска во 11 часот, градоначалникот на Општина Тетово и кандидат на Вреди за повторен мандат, Билал Касами, ќе одржи конференција за медиумите во паркот кај Џамијата на Сахат, Тетово.

Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.

Ова се осми локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

На 3.480 избирачки места ќе се гласа за 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за општински совети – вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ