четврток, 9 април 2026

После децении фонтаната „Лотосов цвет“ обновена

Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, „Лотосов цвет“, повторно блеска, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.

„Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост. Нека ‘Лотосов цвет’ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени. Од денеска, ова катче повторно ќе живее, полно со луѓе, енергија и живот“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ