Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 34,520 ден./кг.
Од поноќ бензинот „евросупер БС-95“ ќе се продава за 73,50 денари/литар, „евросупер БС-98“ – 75,50 денари/литар, дизел-горивото 69,00 денари/литар, маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 денари/литар, и мазутот 34,520 (денари/килограм).
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.






