Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 е 75,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 77,5, а еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,806 денари за килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,621 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,628 отсто и кај дизелот за 1,766 проценти, додека кај екстра лесното масло има намалување за 0,022, а кај мазутот за 2,563 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5545 отсто.






