Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за два денари за литар. Со тоа, новата малопродажна цена на еуроупер БС – 95 е 72 денари за литар, еуроупер БС – 98 ќе се продава за 74, еуродизел БС (Д-Е V) за 66,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 66 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,854 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,987 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,109 отсто, кај дизелот за 5,194, кај екстра лесното масло за 4,462 и кај мазутот зза 3,846 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е повисок за 0,2303 отсто.






