петок, 19 декември 2025

Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 22 септември.

Објавено на

часот

Сподели

Од денеска на полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин еуросупер БС – 95 75,50 (денари/литар), еуросупер БС – 98 77,50 (денари/литар), дизел гориво еуродизел (Д-Е V)          69,50 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 37,591 (денари/килограм).

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,644 ден/кг и сега ќе изнесува 37,591 ден/кг, соопшти РКЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ