Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 од полноќ се зголемува за 2 денари, еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50, а екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 75,50 денари, на еуродизел БС (Д-Е V) 67, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 69 денари за литар.
Цената на еуросупер БС – 98 не се менува и останува 77,50 за литар.
За 0,279 денари поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе ќини 36,808 денари.