Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 е 74,5 денари за литар, а на еуросупер БС – 98 е 76,5 денари, додека еуродизел БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 71 денар, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,022 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,542 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,977 отсто, кај дизелот за 0,464, кај екстра лесното масло за 0,37 и кај мазутот за 3,965 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035 отсто.






