Според Државниот завод за статистика, Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година.
Цените во угостителството по групи во септември 2025 година во однос на август 2025 година се зголемени кај Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто, додека кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени.






