понеделник, 9 февруари 2026

Посебни е-адреси на МОН за коментари за новите закони за високото образование

Новите предлози за закон за високо образование и за обезбедување квалитет во високото образование и науката се објавени на владиниот ЕНЕР-систем и се достапни за забелешки и сугестии од пошироката јавност, потсетува Министерството за образование и наука.

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, коментари за подобрување на содржината на предложените законски решенија може да се доставуваат и на електронските адреси [email protected] за новиот закон за високото образование и [email protected] за законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката.

„Грижата за образованието е заедничка општествена одговорност. Ги охрабруваме сите засегнати и заинтересирани субјекти да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрите законски решенија кои ќе бидат основа за понатамошен развој на образовниот систем и на научноистражувачката дејност во Македонија“, соопшти МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ