Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека сите членови на штабот ја следат состојбата со дождот кој и понатаму паѓа и презедоа обврска за максимална подготвеност за интервенции доколку тоа е потребно.
Во моментов превентивно се делува на Ротинска Река кај селото Цапари, како и на други населени места во пограничниот регион, односно Карамани, Лажец, Лера, Меџитлија, браната Стрежево, Породин и Жабени.
Превентивни мерки спроведени се и на патниот правец од градот кон хотелот Молика на Пелистер, посочија од Општина Битола.






