среда, 9 јули 2025

Пороен дожд и град попладнево зафати повеќе делови од земјава

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град попладнево зафати повеќе делови од земјава. Како што информираат од  Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) има интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион. Во Скопје и во Тетово се регистрирани паднати дрва и поплавени улици и патишта, но засега нема информации за пријавени штети или поврдени.

Објавено на

часот

Сподели

Од УХМР, поопладнево соопштија дека се забележуваат области со интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, што укажува на присуство на активна конвективна облачност со силен дожд, а можеби и град. Радарската слика, велат, покажува активна атмосферска ситуација над западниот и централниот дел на Македонија, со присуство на силни врнежи, грмежи и наместа можна појава на град.

Од УХМР информираат дека нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град има и во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион. Прилепскиот и Тополчанскиот регион, исто така, е зафатен од силна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и појава на град.

„Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град имаме во  регионот на Македонски Брод и Кичево,  југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион. Прилепскиот и Тополчанскиот регион зафатен од силна нестабилност проследена со пороен дожд , грмежи засилен ветер и појава на град. Нестабилност имаме и во Скопската Котлина како и на североистокот на Македонија“, соопштуваат од УХМР.

Во Скопје и во Тетово се регистрирани паднати дрва и поплавени улици и патишта, но засега нема информации за пријавени штети или поврдени.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираат дека интервенираат на патот Бродец-Шипковица што е непрооден поради наноси од земја и вода.

Поради силниот ветер падна дрво на улица „Бане Стефановски“ кај Стара градинка, каде има оштетени возила. Дрво има паднато и во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа

И од јавното комунално претпријатие „Шар“ информираат дека нивните работници се ангажирани на тетовските улици кои се поплавени поради интензивниот дожд.

„Работна единица Канализација, по обилните дождови, за многу кратко и брзо време успеа да ги лоцира клучните места каде што се појавија проблеми со фекалната и атмосферската канализација“, соопштија од ЈКП „Шар“.

На местата каде има паднати дрвја, случаите се евидентираат и од стручните служби на полицијата кои вршат увид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ