сабота, 20 декември 2025

Пораст на прометот во индустријата

Прометот во индустријата во јули годинава е зголемен за 13,8 отсто во однос на истиот месец лани, во споредба со јуни 2025 година бележи опаѓање за 0,7 проценти, додека во периодот јануари – јули 2025 година во однос на периодот јануари – јули 2024 година пораснал за 8,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Вкупниот промет во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 2.6%, капитални производи за 36.4 %, трајни производи за широка потрошувачка за 7.2 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст од 3.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи опаѓање од 1.3 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 17.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 10.3 %.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ