Во август годинава, пак, споредено со истиот месец лани, е намалено за 3,5 %. Во секторот – рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 7 %; во секторот – преработувачка индустрија има опаѓање од 1,4 %; а во секторот – снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, намалување од 26.8 %.
Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај енергија за 23,7 %, капитални производи за 12 %, трајни производи за широка потрошувачка за 9,1 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 %, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 14,8 %.






