Во целиот овој случај вмешани се и петмина, меѓу кои и вработени во УЈП и во Министерството за земјоделство. Првообвинет е Насуфи за давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание. Стоилев, кој е инаку претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Свети Николе, е осомничен за примање поткуп.
Денеска е одреден 30-дневен притвор за Стоилев, и за уште четири лица поради основано сомнение за земање поткуп и противзаконско влијание.
Специјалниот судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и за осомничените Џ.Н. (77), А.Ф. (44), Ф.Ф. (47) и И.С. (57) определи мерка притвор од 30 дена — поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. За петтата осомничена, Ј.К. (35), определен е куќен притвор.
Инспекцијата и истражителите од ОЈО‑ГОКК и Министерството за внатрешни работи вчера извршија претреси на повеќе локации. Стоилев е уапсен „на дело“ во акција за која имало пријава дека апликант понудил и дал мито за да му биде доделен договор преку програмата ИПАРД.
Според обвинението, првосомничениот Насуфи, како управител на правно лице, од февруари годинава до вчера повеќе пати му ветил подарок или парични средства од значителна вредност на директорот на Агенцијата за земјоделство. Останатите осомничени, меѓу кои даночен референт во УЈП Скопје и државен службеник во Министерството за земјоделство, го искористиле своето влијание и службената положба за да го поттикнат директорот да потпише договор за финансиска поддршка, иако правното лице не ги исполнувало условите од јавниот повик бр. 01/24. Директорот, по ветеното мито од 50.000 евра, потпишал договор и примил 400 евра, кои беа пронајдени при претрес.






