петок, 5 декември 2025

Пораките на Изворска јуниор преку проектот ЕКО авантура  

Во изминатиот период, во речиси сите градинки во Скопје се реализираше едукативниот проект на Изворска јуниор – „ЕКО авантура“.  Одиграни беа преку 60 претстави пред повеќе од 11.000 присутни мали гледачи, а караванот продолжува и во другите градови низ државата.

 

Објавено на

часот

Сподели

Преку „ЕКО авантура“, Изворска јуниор ја пренесува пораката дека грижата за себе и грижата за природата се учат паралелно. Децата преку игра, приказна и интеракција добиваат први навики за хидратација, правилно справување со отпад и почит кон средината во која растат.

Претставата е во продукција на Триангл, а режијата е на Десанка Глигоријевиќ. Содржината е прилагодена за детска возраст и на едноставен начин ги објаснува темите за рециклирање и чиста животна средина. Воспитувачите ја опишуваат како корисна за секојдневната работа со децата, а претставата лесно се вклопува во програмите за учење преку игра.

„ЕКО авантура“ е само еден од начините преку кои компанијата Кожувчанка ја покажува својата долгорочна ориентација кон децата како наша иднина и млади луѓе кои ќе ја градат свеста за околината во која живеат, велат од компанијата.

Со Изворска јуниор како дел од овој проект, пораката е едноставна: Кога навиките за хидратација и грижата за природата се градат уште од најмала возраст, тие остануваат со нас цел живот!

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ