среда, 21 јануари 2026

Поради снегот во прекин е сообраќајот за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека,Маврово –Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Од утрово забранет е ообраќајот за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ