Патот е затворен поради безбедност на учесниците во сообраќајот, а причина е активен пожар.
Пожарот што пред неколку дена ја зафати планината Серта се уште не може да се стави под контрола. Гори на три точки, се интервенира и од копно и од воздух.
Засега во пожарот изгоре површина два пати поголема од градот Неготино.
Голем пожар кој сѐ уште е активен е и оној на планината Огражден.






