Опожарена е сува трева на регионалниот пат Велес – село Извор, кај место викано Пашин мост, информираат попладнево од АМСМ.
„Поради пожар на сува трева на двете страни на патот, сообраќајот е во целосен прекин“, се појаснува во соопштението.
Прекинот во сообраќајот е евидентиран во 15:25 часот.






