недела, 1 февруари 2026

Поради магла намалена видливост на Плетвар и кај Крушево, укината забраната за камиони на патот Гостивар – Стража

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека,Стража и Маврово, и на патниот правец во околина на Кочани. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар и намалена видливост поради магла од 20-30 метри во околина на Крушево. Сите патни правци се проодни. Од 20:20 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража е укината, соопшти АМСМ.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, соопшти ЈП Македонија пат.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека,Стража и Маврово, и на патниот правец во околина на Кочани. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар и намалена видливост поради магла од 20-30 метри во околина на Крушево. Сите патни правци се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 20:20 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража е укината, соопшти АМСМ.

Од 19:40 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Шипковица-Попова Шапка што беше воведена утрово од 9:20 часот поради врнежи од снег.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ