Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци се проодни, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
„Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, наведува ЈП „Македонија пат“.






