вторник, 16 декември 2025

Попусто ли завршиле факултет? Во Кавадарци двојно повеќе невработени жени од мажи

Бројот на жени со високо образование кои се невработени е двојно поголем од бројот на невработени мажи, иако тие се активни барателки на работа, за разлика од мажите меѓу кои стотина се пасивни баратели на работа, се вели во новата Стратегија за родова еднаквост на Општина Кавадарци (2024-2027). Жените и подолго време чекаат да се вработат. Документот покажува и дека политичките партии не воделе сметка за родовата застапеност бидејќи од 19 советници, само 6 се жени.

Објавено на

часот

Сподели

Стратегијата има приоритети, како економско зајакнување на жените, еманципација на жените од руралните средини, зголемување на бројот на жени во донесување на клучни одлуки во јавниот и во политичкиот живот.

Документот е изготвен од Општина Кавадарци и Комисијата за еднакви можности на Советот на Општина Кавадарци, со менторска поддршка од Гордана Несторовска Мицова, Бранка Минчева Коцевска и координаторката за еднакви можности во Општина Кавадарци, Марија Камчева. Според податоци  во Стратегијата, бројот на жени кои се корисници на помош од Центарот за социјална работа е многу поголем од бројот на мажи.

„Исклучок е здравствениот сектор во Кавадарци каде има трипати повеќе жени вработени во однос на мажи“, подвлекува Камчева.

 

Но, во однос на бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи – ОВР Кавадарци има 77,4 отсто мажи и 22,6 отсто жени.

Право на образование имаат и сè повеќе жени се образовани, доминантни се во одредени сектори како правото, економијата, образование и медицински дејности, но кога станува збор за присутност н

Жените пак, се доминанти во управните одбори на училиштата и советите на родителите, каде нема финансиски надомест за членување, а мажите се застапени во управни одбори каде за својот ангажман се платени. Во однос на директорските позиции во институциите и јавните претпријатија кои се под ингеренции на локална самоуправа, има родов баланс во директорските позиции на училиштата бидејќи има четири директори на основни и средни училишта и пет директорки. Во однос на директорските позиции во јавните претпријатија, има родов дисбаланс, бидејќи има четири директори и две директорки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ