Градоначалникот на Битола Тони Коњановски информира дека кај стариот „Прогрес“ на улиците „Крушевска“ со „Македонска фаланга“ водата е повлечена. Во селото Кравари работат три машини на каналската мрежа, една од АД Водостопанство подружница Битолско поле и две машини од јавното претпријатие Водовод.
Водата е надојдена и по течението на реката Драгор до вливот на река Црна. На
мерната станица на река Црна кај Новаци водостојот беше 2,18 метри, а на мерната станица на Стрежево за 12 часа измерени се 40 литри на метар квадратен.
Жителите на селото Логоварди побараа и добија машинерија за санирање на поплавениот дел од Новачки пат. Поплави има и во Долно Оризари, Карамани, по течението на реката Драгор и во селото Кравари. Битолска Нискоградба интервенира во селото Канино, на улицата Скоевска, во Кажани и на влезот на Битола, кај Горно Оризари.
Се интервенираше и над локалитетот Хераклеа, каде имаше проблем од надојдената вода, потоа на улицата Солунска во населбата Боримечка, на Лавчански пат и населбата Стрчин. Јавното претпријатие Стрежево интервенираше во селото Лера, каде беше заглавено дрво во малиот мост кој спречуваше истекување на водата.

Екипиите продолжуваат со работа за санирање на состојбата, а остануваат
на терен со оглед на најавите за продолжување на врнежите.







