недела, 5 април 2026

Попладне ер-трактори ќе го гаснат пожарот кај бугарската граница

Од 10 часот три ер-трактори го гаснат пожарот на планината Серта, објави директорот на Центарот за управување со кризи – ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој вели дека во 15 часот трите авиони ќе се упатат на планината Огражден каде ќе го гаснат пожарот до бугарската граница.

Објавено на

часот

Сподели

ЦУК информира дека во последните 24 часа имало 26 пожари и дека од нив активни утрово се водат пет.

Активните се пожарита во општините – Неготино, во атарот на селото Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село над селото Бадилен, месност Шамок (борова шума); Гевгелија, помеѓу селата Негорци и Кованец (мешовита шума); Долнени, над селото Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, месност Хаџи Реџепли (каде што гори ниска вегетација и грмушки).

Од рано утрово се дејствува по активните пожари и како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хеликоптер започна со дејство врз пожарот на планината Серта додека полицискиот хеликоптер се подготвува да полета, а два авиона на ДЗС од 10 часот гасната на Серта, велат од ЦУК.

Изгаснатите 21 пожар се во општините – Центар, Чучер Сандево, Студеничани, Шуто Оризари, Бутел, Петровец, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари, Сарај, Битола, Прилеп, Долнени, Долнени, Струга, Струга, Градско Кочани, Штип, Тетово и во Општина Богданци.

Од 1 јули заклучно со вчерашниот ден, имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ