Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.