недела, 29 март 2026

Помина предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба во затворот Идризово

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница даде позитивно мислење за предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, до 31 јануари 2026 година, за подрачјето на Општина Гази Баба во врска со обезбедувањето на Казнено поправниот дом Идризово.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во документот доставен до комисијата, предлогот за продолжување на кризната состојба се доставува со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување и заштита на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносни закани и зајакнување на безбедноста на установата.

Предлог одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, понатаму се проследува на пленарна седница. Точката е дел од дневниот ред на 60. седница на Собранието која треба да започне денеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ