сабота, 17 јануари 2026

Половина Скопје нема парно на студот, експлодира главната цевка на системот за централно греење

Силна експлозија на главна цевка од системот за централно греење утрово го парализираше Скопје и остави илјадници домаќинства без парно греење. Според досегашните информации, ова се случило во раните утрински часови, при што е предизвикана сериозна материјална штета, а дел од улиците се поплавени со врела вода и пареа.

Објавено на

часот

Сподели

Без парно се корисниците во општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.

Од ЕСМ соопштуваат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и работат на точно лоцирање и изолирање на дефектот, со цел што побрзо да се воспостави нормална испорака на топлинска енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ