Предметот се судеше по вторпат откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Со првата пресуда Филиповиќ беше осудена на три години затвор, а со новата одлука казната е намалена на две години и шест месеци.
Синот на загинатиот пешак, Столе Ангеловски изрази силно незадоволство од пресудата и оцени дека казната е премногу ниска.
„Максимално сум разочаран од судството во Македонија. Две години и шест месеци за обвинетата која направила сериозни прекршоци – брзо возење и незастанување на пешачки. Судството не е на два процента, туку е на минус 20 проценти. Ова е шокантна и некоректна пресуда“, изјави Ангеловски.
Тој се надева дека Јавното обвинителство ќе ја обжали оваа пресуда.






