Во веста што ја објавуваат повеќе портали во Бугарија се потсетува дека фотографијата со Блинкен прв ја објави Ковачевски и дека напишал дека имале срдечна средба со државниот секретар на САД и дека „Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ“.

Неколку часа подоцна, пишуваат бугарските медиуми, Петков објави фотографија од која „исчезнал“ Ковачевски. Петков под фотографијата напишал дека елиминирањето на корупцијата е основен приоритет и дека „ќе работиме заедно за да се справиме со проблемот“. Во групната пак објава преку социјалнитге мрежи тој поместил и фотографии од средбите со британскиот премиер Џонсон и францускиот претседател Макрон.

Медиумите забележуваат дека за средбата на Блинкен со Петков и Ковачевски „засега не известил Вашингтон“, поради што е нејасно дали можеби станува збор за случајна средба на која се разменети неколку мислења.






