ДИК вчера, на редовна седница, изгласа продолжување на примената на три упатства кои беа важечки за Локалните избори во 2021 година: Упатство за начинот и постапката на поднесување прием и потврдување на кандидатските листи донесено на 25 август 2021 година, Упатство за начинот на именување членови на избирачки одбори по предлог на политичките партии донесено на 3 септември 2021 и Упатство за изгледот на беџовите за идентификација донесено на 25 август 2021 година.
„Останатите упатства кои биле донесени наменски за Локалните избори во 2021 година, ќе се ревидираат, односно корегираат и прилагодат на следната седница на ДИК, по што ќе бидат и донесени како посебни акти“, вели Кондарко






