понеделник, 8 декември 2025

За техничката влада средба Ковачевски-Мицкоски, никој не кажува кога и каде

Наскоро ќе има средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но без информации за тоа кога и каде би се одржала. Ковачевски вели дека на средбата ќе се разговара за составот на техничката влада од 28 јануари.

Објавено на

часот

Сподели

„аконска одредба е техничката влада. Немојте да сметате дека нема комуникација меѓу сите партии. Откако партиските органи ќе заседаваат, ќе има средба која нема да биде најавена преку медиуми, туку ќе има нормален разговор за реализација на тоа што е определено согласно Законот, односно распределба на ресорите во техничката влада, изгласувањето на таа влада во Собрание и подготовка за избори“, изјави вчера Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за ова дознале од медиумите. „Толку се очајни во СДС што дури од сега мора да почнуваат со вакви изјави кои се наменети за храбрење на раководството и нивното членство, кое од ден на ден се намалува. Граѓаните се свесни дека без разлика што зборува СДС партијата ќе биде историски поразена. Нека продолжат уште малку да живеат во своите соништа, граѓаните на Македонија се мудри“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот рече дека неговиот личен став е дека неговата партија треба да учествува во техничката влада за да го спречи можниот изборен поткуп, но дека  истовремено треба да се воздржи од гласањето на составот на таа влада, затоа што партијата цени дека е спротивен изборот на првиот човек Талат Џафери кој што таа влада ќе ја предводи.

Парламентарните избори се закажани за 8 мај, а на 28 јануари Ковачевски треба да даде оставка, а на негово место да дојде Талат Џафери по предлог на ДУИ, што беше договорено меѓу коалициските партнери во актуелната влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ