среда, 18 март 2026

За Солана Македонија е пример за решавање на тешки прашања, вели Пендаровски

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговарало за актуелните политичко-безбедносни случувања во Европа, нивното влијание врз нашиот регион и важноста од неговото интегрирање во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски информирал за последните внатрешно-политички настани во земјата, текот на реформските процеси и новата динамика во добрососедските односи.

„Солана, кој е актуелен претседател на Центарот за глобална економија и геополитика (EsadeGeo) и докажан пријател на Северна Македонија вклучувајќи се и во Охридската група за поддршка на земјата за членство во ЕУ и НАТО, уште еднаш ја поздрави македонската конструктивна улога на Западниот Балкан како пример за решавање на тешки прашања, како и потребата за реализирање на европската агенда во контекст на интеграциите, согласувајќи се дека Унијата треба што побрзо да ги имплементира своите одлуки“, се вели во официјалното соопштение.

Како што може да се види од фотографијата, на средбата бил присутен и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ