среда, 10 декември 2025

За обвинителот Адеми и неговите одлуки за тешки сообраќајки расправаше собраниска комисија

Објавено на

часот

Сподели

Осудениот кичевец за смртта на 23-годишен полицаец во тешка сообраќајка во 2019 година доби една година затвор, а надлежниот обвинител Арсен Адеми не поднесе жалба на оваа пресуда.

Милошоски побара одговорност од надлежниот гостиварски обвинител Арсим Адеми затоа што не вложил жалба по изречената пресуда лани во ноември.

„Ова дело не е сторено од небрежност. Ова е злоупотреба на дупките во Кривичниот законик за преквалификација, полесна квалификација на кривичното дело за да може да дојде до ваква разврска“, рече Милошоски.

На седницата присуствуваше и Антонио Јолевски, претседателот на Советот на јавни обвинители, кој рече дека обвинителите работат стручно и во рамки на законите и дека проблемот за ниските казни за смртни последици во сообраќајот е во судовите кои се благи во изрекувањето на казните кај кривичните дела против безбедноста во сообраќајот.

Арсим Адеми како обвинител беше надлежен и за тешката сообраќајка предизвикана од Зоран Милевски Кичеец во која загина едно лице. Кичеец како шофер претекнувал на полна линија, а обвинителот утврдил небрежност.


ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ