понеделник, 15 декември 2025
Изјави на министерот за правда

Во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за уставни измени, ,изводите на родени од понеделник по старо, вели Лога

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко верувам дека ова лето ќе имаме уставни измени. Предлогот од наша страна повеќе од две-три недели е во владина постапка. Премиерот заедно со Мицковски седна и донекаде имаше некаков договор за поддршка, но се добиваше на време за уставните измени да одат во Собрание консензуално. Остануваат уште неколку дена. Верувам дека до крајот на овие десет дена ќе се процесираат и ќе бидат доставени до Собранието. Процесот не е едноставен, бара широк консензус и две третини во парламентот кои верувам дека ќе се обезбедат. Верувам, бидејќи имам информации дека во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за таков процес и дека ако тие не се за поддршка на уставните измени, ќе се најдат други луѓе, истакна Лога во гостување на ТВ Сител.

Во однос на амандманите, според Лога, нема ништо ново од она што веќе е излезено во јавноста.

„Станува збор за Преамбулата каде се додаваат други етникуми и за делот на Комитетот“, рече министерот за правда.

Лога смета дека граѓаните од понеделник ќе може да вадат изводи од матичните книги.  Вели дека му е кажано на директорот на Управата за водење матични книги дека треба сите изводи да им се даваат на граѓаните по старото упатство, што би значело без етничка припадност во посебна графа.

Тој тврди дека иницијативата на Министерството за изводите со етничка графа, не е неуставна. Покажа и акти кои, како што рече, се основани врз Законот за матични книги од 1995 година. Етничката графа, напомена, се злоупотребува, особено при вработувањата.

„Во најголем дел етничката припадност се злоупотребува при вработување. Тука сум да го заштитам првично македонскиот граѓанин, зашто ако нема партиски или висок функционер не може да се вработува. Оваа графа се злоупотребува за одредени луѓе да влезат на работа“, истакна Лога.

Министерот во изјавата се обиде да објасни зошто имало недоразбирања околу иницијативата во јавноста.

„Знам зошто ова покрена некакви недоразбирања – зашто од првите денови т.н. бугарски здруженија кажаа дека за 250 денари ќе може да извадат каков било документ со што ќе се загрозува до некаде идентитетот или реалноста по етничка припадност, но јас кажав ако било која држава сака да ја злоупотребува таа работа, истиот ден од моја страна ќе биде скратено и надвор од сила“, нагласи министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ