среда, 17 декември 2025

Во Софија протести на партијата на Каракачанов, стравуваат дека Петков ќе го укине ветото за Македонија

Објавено на

часот

Сподели

 

Протестот бил насловен како е „Одбрана на националниот интерес на Бугарија во Република Северна Македонија“.

Ова е предупредување за протест. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на Кирил Петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи, ќе ја блокираме цела држава“, изјави Александар Сиди од ВМРО.

Тој категорично го осуди „јазикот на омраза“ кон Бугарија „кај нашиот западен сосед“. Според почесниот претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов, Петков се надева дека со гласовите на ПП, ДБ и МРФ ќе падне ветото врз Скопје.

Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но тој е оној кој најдобро ја користи ситуацијата. Се однесува како услужен персонал, а не како премиер на суверена држава, рече Каракачанов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ