вторник, 10 март 2026

Во Софија продолжуваат македонско-бугарските разговори, тема инфраструктура

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот, според најавите, ќе се разговара за најавената авиолинија од Софија до Скопје, како и за прашањата кои се од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата.

Се очекува утре македонската и бугарската делегација од ресорните министерства за транспорт заедно со туроператори со лет од Софија до Скопје да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје со што ќе се реализира и првиот лет на оваа релација. Очекувањата се дека редовната авиолинија Софија – Скопје ќе почне да функционира од следниот месец, а за неа, според најавите, е заинтересирана компанијата „Гуливер”.

Во Скопје, владините претставници заедно со туроператорите од двете држави ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на соработката и понудата на туристички пакети со цел да се зголемат меѓусебните посети на туристи од двете земји.

При посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Софија на 25 јануари  беа потпишани два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8. Документите беа потпишани по заедничката седница на двете влади. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ