среда, 17 декември 2025

Во Слупчане церемонија за откривање на споменик на УЧК вреден 200.000 евра

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за транспорт и врски, наспроти тврдењата на локалните власти, негираше дека била побарана дозвола од нив, додека од Министерството за култура се оградија наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, надлежни се Собранието или единиците за локална самоуправа.

 Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се обрати кон присутните и го откри споменикот. Aхмети рече дека овој споменик не нѐ дели, туку нѐ обединува. Порача дека ОНА е составен дел од историјата на нашата земја, без која не би можел да се постигне Охридскиот мировен договор.

На церемонијата присутни беа и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, првиот вицепремиер Артан Груби, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ