„Во текот на 2021 година, од oрганизациските единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим – потраги се преземаа низа оперативно-тактички мерки и активности во рамки на кои редовно се прибирале сознанија за лица кои се предмет на истражна дејност по наредби добиени Основно јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, како и лица осудени со казна затвор, лица под истрага со определена мерка притвор, лица оддалечени или кои биле во бегство од казнено-поправни установи, по наредби од Основниот кривичен суд Скопје, КПУ „Идризово”, КПУ „Скопје”, врз основа на кои се распишувани национални и меѓународни потерници од страна на Интерпол“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Од организациските единици во рамки на СВР Скопје се лишени од слобода 195 лица за издржување на вкупна казна затвор од 210 години и девет месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од затворкста казна во вкупно времетраење од 22 години, 11 месеци и 27 дена.
Во содејство со МВР Интерпол и МВР потраги беа екстрадирани 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници. Со одговорна и ефективна работа во континуитет ја продлабочуваме веќе зголемената доверба на граѓаните во полицијата. Продолжуваме со мерки и активности кои се во насока на заштита на законитоста и на гарантирање на безбедноста на сите наши граѓани, објави на Фејзбук министерот Спасовски.






