„Како професор по јазик ми пречи дискурсот којшто се наметнува во јавноста дека некој некаде седи на маса и како мезе го поставува македонскиот јазик и идентитет. Морам да го освежам сеќавањето дека зборовите на Блаже Конески остануваат сеприсутни: „Се дури го имаме јазикот, ја имаме и државата”.
Зборуваме за македонски јазик којшто е посебен, засебен, никој никаде не го разнебитува јазикот, ниту идентитетот. Не се преговара, ниту било побарано тоа од нас,“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа, меѓу другото во интервјуто, истакна и дека сите плати на културните работници се исплатени и сите договорни услуги.
„Колективниот договор на културата завршува и треба да се потпише нов, но платите во културата се солидно покачени. Платите се едни од посолидните не само поради колективниот договор кој ги уредува нивните права, туку и институциите кои имаат право да работат во недела. Како министерка за култура очекувам соработка од сите чинители во културата,“ изјави Костадиновска-Стојчевска.
Таа посочи дека проектите кои биле приоритетни во минатото, ќе бидат и во нејзиниот мандат.






