понеделник, 15 декември 2025

Во името на Жозел Борел министерска тројка од ЕУ доаѓа во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

 „Северна Македонија е еден од најблиските партнери на Европската Унија на Западен Балкан, во целост усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Во контекст на актуелните геополитички предизвици, заедничката посета ќе биде можност да потсетиме дека сите политички актери треба да се ангажираат да ја придвижат земјата напред на нејзиниот пат кон ЕУ, што е желба на огромното мнозинство граѓани на Северна Македонија“, се вели во соопштението испратено од Борел.

 Министрите ќе се сретнат со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерите на политичките партии и со пратеници во Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ