четврток, 18 декември 2025

Во Грција пак не може секој со македонски пасош да ја помине границата

Објавено на

часот

Сподели

„Без никакво образложение денеска на граничниот премин на Република Македонија со Европската Унија, Богородица кај Гевгелија, не ми беше дозволен влезот во Грција. Граничната полиција само ми кажа да се обратам до Хеленската амбасада во Скопје. Ова е срам за Европската Унија, срам за Еленската република, без никаква причина да забраниш влез на еден обичен граѓанин кој сака добрососедски односи со Македонија. Го повикувам МНР и господинот министер Бујар Османи директно да интервенира во името на правдата и законот“, вели во изјавата за МКД.мк Сашо Маневски, активист за човекови права и претседател на македонската органиација Нов АСНОМ.

Во февруари годинава, Маневски беше во Кукуш. „Македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Гоце“, изјавија тогаш претставници на Нов АСНОМ кои на 150 годишнината од денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев беа во неговото родно место, во Кукуш.

И во декември минатата година Маневски без никаков проблем ја помина македонско-грчката граница кога за јутјуб каналот на Нов АСНОМ го реализираше интервјуто со Павле Воскопулос од Виножито, партијата на Македонците во Грција.

Очигледно е дека активностите на Маневски на полето на признавањето и правата на македонското малцинство во Грција се регистрирани од грчките служби, па во нивните компјутери неговото име било обележано со црвена боја. Како и во минатото, кога Грција имаше т.н. црна листа на која беа имињата на бројни македонски активисти, државјани на тогашна Југославија, на Канада, на САД, на Австралија, Македонци по потекло од Егејска Македонија… На сите нив без никакво образложение едноставно им беше забранет влезот во Грција.

И на овој пограничен документ што Маневски денеска го доби, нема никакво образложение за причините зошто тој не може да влезе во Грција.

А.Д.     

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ