среда, 10 декември 2025

Во државната Кардиохирургија нема доволна контрола во набавките на стоки и услуги

Објавено на

часот

Сподели

Државниот завод за ревизија во своето согледување за работата на Државната кардиохирургија заклучува дека не е воспоставена целосна процедура за работата ниту систем за внатрешна контрола, но и дека не е усогласена сметководствената со фактичката состојба на средствата. Ревизорите согледале и дека нема доволна контрола при набавката на стоки и услуги, дека не е обезбедена конкуренција во дел од јавните набавки. Оттаму ревозорите велат дека не може да се утврди дали се реални исплатените суми при набавките и плаќањата.

Недоследности се најдени и во начинот на ангажирање на надворешни лица со договор на дело. Кога во прашање се пак ангажманите на странски едукатори, во извештајот се вели дека постои недоследност во исплаќањето на нивните надоместоци согласно Програмата за превенција на кардиоваскуларни болести во 2020 година. Со ревизијата на Министерството за здравство му се укажува да ја преиспита потребата од понатамошно продолжување на оваа програма во истиот обем.

Според направената анализа, се изразува резерва и воздржаност кон давање на целосен заклучок во поглед на вистинитоста на финансиските извештаи и трансакции на Кардиохирургија, а и повторно се истакнува проблемот на нерешени имотно правни односи на самиот објект на оваа клиника.

На Клиниката за кардиологија ѝ се препорачува да изготви детална анализа на побарувањата за минатите години и на Управниот одбор да му се достави предлог за постапување заради нивна наплата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ