понеделник, 8 декември 2025

Во Битола „шарените“ пак во коалиција – СДСМ, Левица и Поинаку

На денешната седница на Советот на Општина Битола не беше прифатен предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за гласање недоверба за претседателката на Советот на општината Габриела Илиевска. За интерпелацијата за Илиевска гласаа 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ, а против беа 16 советници – 13 на СДСМ и тројца на Поинаку. Советниците на Левица беа воздржани. 

Објавено на

часот

Сподели

За градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ова гласање всушност покажува и официјализирање на новата коалиција меѓу СДСМ, ДУИ, Поинаку и Левица.

Веќе извесен период наназад од седница во седница се потврдува новото мнозинство во Советот на општина Битола: СДС, ДУИ, Левица, Поинаку, рече Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред 2 години ВМРО-ДПМНЕ како никогаш претходно покажа демократски капацитет и во тој момент како идно политичко делување за градот ги вклучи и Поинаку, поради волјата на граѓаните кои го поддржаа ова движење со цел да се испочитуваат поголем број на гласачи, битолчани.
Демократскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беше до таму потврден – со отстапувањето на местото претседавач на Совет, во името на заедничката соработка и афирмирање на граѓанските идеи за Битола.
После две години очигледно е дека намерата не била да работиме за граѓаните, приоритет биле исклучиво напади на поединци, личните ставови и интереси пред интересот на граѓаните и Битола.
За жал, Битола и нејзините граѓани и натаму остануваат заробеници на наследниците на крајно деструктивната Шарена револуција, на огромно наше жалење, повторно теснопартиските и личните интереси им пресудуваат на битолчани, повторно градот и целата општина се жртви на тесни погледи, голо политиканство и луѓе кои, де факто, не само што не ѝ мислат добро на Битола, туку не се во состојба разумно да размислуваат и кога иднината на нивните деца и внуци е во прашање. Пред јавноста уште еднаш е потврдено какви наследници на Шарената револуција имаме во Советот. Тие кои ја рушеа и ништеа државата, денес гласаа заедно и си даваат едни со други поддршка во Советот“, рече Милевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ