„Тхор Индустриес“ ги демантира сите невистини искажани од господинот Билал Касами кои наведуваат на неетичко работење поврзани со компанијата „Тхор Индустриес“. Ваквите лажни тврдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмети. Исто така, „Тхор Индустриес“ бара јавно извинување од страна на партијата БЕСА и господинот Касами, во спротивно ќе ги преземе сите правни дејствија за претрпената штета од невистините изнесени од страна на господинот Касами“, пишува во соопштението на компанијата.
По прес-конференцијата на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на која тој изнесе тврдења дека фирма на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, учествува и во изградбата на Коридор 8, како и на други делници и се крие како подизведувач, од фирмата е испратен демант потпишан од Дрих Ахмети.






