понеделник, 22 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ не кандидираше градоначалник за изборите во Маврово Ростуше

Објавено на

часот

Сподели

На фејсбук профилот на ВМРО-ДПМНЕ на општината пишува: „Потценувачкиот однос на власта на СДСМ кон Општина Маврово Ростуше се гледа не само по фактот што општината во моментот нема избран градоначалник, туку и по тоа што за првпат во историјата на државата самоволно, без било каква консултација со најголемата политичка партија во државата ВМРО-ДПМНЕ, распишаа избори за 17 април, иако и самите знаат дека такви избори нема да успеат во целост.

Што би се рекло, свесно и насилно туркаат процес кој знаат дека нема да успее, но и за кој свесно ќе се трошат пари на народот во ек на општа инфлација и поскапување.

ВМРО-ДПМНЕ на такви избори кои се распишани без претходна согласност и консултација нема да учествува, и не само поради тоа што се распишани без претходна консултација, туку и поради фактот што и таквите избори нема да бидат успешни пред се поради иселувањето кое е масовно поради погрешните и погубни политики на владата. ВМРО-ДПМНЕ е отворено да разговара за заеднички датум за избори,и успешни избори затоа што сме фактор на одлучување кој не може ниту Талат Џафери, ни Ковачевски да го заобиколуваат, и затоа што го претставуваме гласот на мнозинството од граѓаните во Маврово Ростуше.

За да не се прават дополнителни трошоци најдобро ќе биде да не се влегува во уште едно скапо платена авантура и СДСМ да го повлече својот кандидат.

Тоа е единствениот чекор за излез во ситуацијата во која сами дојдоа.

И еден добронамерен совет, СДСМ да се подготви за мирна транзиција на власта во Маврово Ростуше“.

Во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа минатата година не беше исполнет законскиот услов за излезност од најмалку 33 отсто од запишаните гласачи, поради што не беа избрани градоначалници. Со одлука на Владата привремено беше продолжен мандатот на актуелните градоначалници како владини повереници за Медат Куртовски од СДСМ во Маврово Ростуше, а на Аријан Ибраин од Демократската партија на Турците во Центар Жупа. На 4 февруари претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша решението за распишување на избори за градоначалник на овие две општини за 17 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ