„Со новото задолжување кое е предвидено од страната на оваа криминална власт на СДСМ и ДУИ, државниот долг ќе го достигне историскиот врв од 7.8 милијарди евра. За само 3 години оваа власт, под превезот на изгласаните кризи во државата се задолжи за неверојатни 2.3 милијарди. А, со тоа секој граѓанин за само 3 години го задолжија за нови 1.250 евра. Кризи со кои се справивме најкатастрофално во Европа, но и во регионот. Како со здравствената, каде што најубедливо сме најлоши, така и со економската каде што имаме најмал БДП од земјите во регионот за последните 2 години. Сега новото задолжување го оправдуваат со енергетската криза како и последиците од војната во Украина. И повторно заради лошото справување и менаџирање на кризите. Се поголем е бројот на затворени фирми, компании и отпуштање на вработени, поради задоцнетите или нецелосните мерки од страна на оваа криминална власт. Инфлацијата секојдневно го јаде стандардот на граѓаните, а Владата на СДСМ и ДУИ со прст не мрда да им помогне на граѓаните. Јасно е дека оваа власт е тотално неспособна да се справи економските предизвици и за подобрување на стандардот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонската економија е целосно уништена. Оваа неспособна и криминална власт мора да замине што поскоро, а за тоа се потребни брзи предвремени избори.






