понеделник, 22 декември 2025

Владата се пофали со 100 илјади следбеници на Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

„Владата на С. Македонија од 2017 година наваму постојано и темелно ја зголемува транспарентноста и отвореноста, создава и одржува современи канали за комуникација со граѓаните и работи на зголемување на довербата од јавноста кон институциите.

Доближувањето на јавните сервиси и информации до најзасегнатите, значи и создавање современи канали за комуникација преку сите платформи кои граѓаните ги користат.

Социјалните медиумски платформи како што е фејсбук станаа едни од основните канали за секојдневно информирање на граѓаните. Влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување – 100.000 следбеници кои се приклучија да ги добиваат информациите за услугите и за работата на институциите директно од фејсбук страницата на Владата.

Владата им благодари на сите граѓани кои ги следат јавните информации од институциите и кои на овој начин изразуваат доверба кон владините комуникации.

Владата продолжува, во партнерство со граѓаните, да гради отворени институции кои се отчетни, достапни и респонзивни и кои работат исклучиво за интересот на граѓаните“, се вели во фејсбук-постот на Владата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ