Според дневниот ред, меѓудругото, на седницата ќе се разгледува и Информацијата за Преглед на статусот на имплементација на Глобалниот Компакт за Миграција (ГКМ) во Република Северна Македонија.
На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, пред министрите ќе се најде и Информација за мерење на квалитетот на работата на институциите согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет, информира владината прес-служба.






