понеделник, 22 декември 2025

Викторија Трајков: Идеите ги поврзуваат нашите луѓе, правејќи го регионот поинтегриран и посилен

Можеме да го забрзаме протокот на стоки во регионот, можеме да ги зајакнеме нашите економии и можеме да ги претвориме предизвиците во можности, затоа што знаеме како, изјави заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на регионалниот семинар во организација на UNECE што се одржува во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Таа го поздрави учеството на експертите од сите земји од Западен Балкан и порача дека искуствата од Обединетите нации и Европската Унија во оваа област се особено значајни и корисни.

„Како земји чија иднина е во согласност со европските перспективи, ги знаеме нашите обврски и го знаеме нашиот пат што треба да го градиме заеднички и обединети. Идеите ги поврзуваат нашите луѓе, правејќи го регионот поинтегриран и посилен и покрај предизвиците што претстојат. Цврсто верувам дека проектите за кои зборуваме денес ќе ја создадат нашата иднина утре”, нагласи Трајков.

Заменик-министерката рече дека можностите во рамки на Планот за раст ќе ги поттикнат плановите за обликување на иднината на следните генерации. Таа  апелираше да се искористат можностите што ги имаме и да ги направиме соништата реалност во име на посветла иднина за сите нас.

Овој 7-ми семинар е продолжение на првичниот состанок што се одржа во декември 2006 година во Охрид, на кој визионерски беа поставени темелите за дигитализација на документи и процедури за обработка и размена на податоци во меѓународната трговија во регионот на Југоисточна Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ